Наредниот петок Мијалков ќе седне на обвинителна клупа, ќе му се суди за незаконското прислушување

by fokus

Сашо Мијалков, поранешниот прв човек на УБК, во петок, за прв пат, ќе седне на обвинителна клупа во Кривичниот суд каде што ќе му се суди за нелегалното прислушување, како обвинет во случајот „Таргет и Тврдина“ на СЈО.

Судското рочиште е закажано за 10 часот, а како што веќе објави „Фокус“, на обвинетите ќе им суди судијката Ленка Давиткова, која заедно со уште двајца судии не дозволи да се замрзне партиското седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и го осуди Зоран Верушевски на три години затвор за поседување на службен пиштол.

Во овој случај, со обвинителен акт се гонат  и Горан ГрујевскиТони ЈакимовскиГордана Јанкулоска и Никола Бошковски, а против Мијалков и уште девет лица е поднесен обвинителен предлог.

Разликата меѓу обвинителен акт и обвинителен предлог е тоа што предлозите се водат по скратена постапка и за нив се предвидени помали казни. Сепак во овој случај, заедно ќе им се суди на сите обвинети.

Мијалков со обвинителниот предлог се гони за три кривични дела и тоа за злосторничко здружување за што е предвидена казна од една до пет години, за злоупотреба на службената положба, за што е пропишана казна од шест месеци до пет години и примање награда за противзаконито влијание, кое се казнува со една до три години.

В.В.

Поврзани новости