Наредната недела ќе бидат познати наследниците на Мерко и Таравари во владата

by Фокус

Првично беа најавувани за викендов, меѓутоа средби меѓу парламентарните политички партии околу можните промени во владиниот кабинет ќе се оддржат следната недела, кога ќе стане јасно кој ќе ги замени новоизбразните градоначалници на Струга и Гостивар, Рамиз Мерко и Арбен Таравари, кои беа министри за странски инвестиции и за здравство.

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев рече дека состаноците ќе се одржат во духот на проширување на парламентарното мнозинство, со сите партии и независни пратеници кои се подготвени да бидат дел од мнозинството за големите промени.

Иако изрази незадоволство поради тоа што СДСМ директно ги поддржа кандидатите за градоначалници на ДУИ на локалните избори, сепак, од Алијансата за Албанците велат ќе бидат дел од реформска влада и дека нема да го напуштат парламентарното мнозинство до остварување на ветувањата што ги дадоа на своите гласачи за време на кампањата.

Поврзани новости