Наредба за обдукција на телото на 17-годишна девојка пронајдена во водите на Вардар

by fokus
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар издаде Наредба за обдукција на телото на 17-годишна девојка која беше пронајдена синоќа во водите на Вардар.
Според првичните информации, девојчето враќајќи се од училиште, поминувало низ градскиот парк во Гостивар, каде била нападната од куче. Бегајќи од кучето, таа паднала во надојдените води на реката. Случајни минувачи се обиделе да и помогнат, но не успеале.
„Безживотното тело беше пронајдено доцна синоќа околу шест километри низводно по течението на Вардар, во близина на селото Балин Дол. Идентификацијата на телото ја извршија членови на семејството на сега починатата. Јавниот обвинител изврши увид и на местото на кое девојката паднала во реката и на местото каде што беше пронајдено нејзиното тело. Беше земен исказ од сведоци со цел да се утврдат точните факти за настанот“, велат од Обвинителството.

Поврзани новости