Направил сообраќајка, побегнал, го фатиле и ги натепал полицајците

by Fokus

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе  кривична пријава против Р. О. (20) од Пробиштип поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „загрозување на сигурноста на службено лице”, „бегство на лице лишено од слобода” и „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста”.

Според полицијата, на 25.03.2018 година околу 05.50 часот во Пробиштип пријавениот учествувал во сообраќајна незгода и го напуштил местото, но набргу потоа бил фатен и приведен во полициска станица. При проведување, тој упатувал закани по животот на полициските службеници и нивните семејства. Истиот ден околу 16.40 часот во Полициската станица Пробиштип, во просториите за задржување, пријавениот физички нападнал полициски службеник и побегнал. При повторното приведување, тој пружал активен отпор, а се обидувал физички да ги нападне  полициските службеници.

Поврзани новости