Напаѓачот на новинарите од „А1он“ доби затворска казна

by fokus

Затворска казна од шест месеци доби Матија Каников, кој за време на протестите на „За Заедничка Македонија“на 28 февруари минатата година, нападна новинарска екипа на А1он.

Судијката Марија Клетничка Марковски посочи дека за време на донесувањето на одлуката, биле земени сите олеснителни околности.

Осудениот, Каников има право на жалба до Апелациониот суд во рок од 15 дена.

ФОТО – МАКФАКС

Поврзани новости