Напаѓачите на полицаецот Филип доживеале сообраќајна несреќа по инцидентот

by fokus 22:13
22:13

По инцидентот во дискотека во село Марино, каде беше избоден 27-годишниот полициски службеник Фили Филиповски, неговите напаѓачи доживеале сообраќајна несреќа, потврдуваат од МВР за „Фокус“. Од таму додаваат дека сообраќајката поминала без потешки повреди и само е причинета материјална штета.

За нападот се осомничени браќања Александар и Јордан Цветковски, синови на поранешниот градоначалник на Петровец, Звонко Цветковски, кој истовремено е и советник во МВР.

- Advertisements -

Браќата Цветковски по инцидентот беа приведени, но притвор не им беше одреден.

Таткото на Филип, Гоце Филиповски, тврди дека ножот со кој бил извршен нападот се уште не е пронајден. Повредениот Филип е се уште хоспитализиран на скопските клиники. Извршена му е операцијата на бубрегот и извадена му е слезината. Од КАРИЛ велат дека неговата здравствена состојба е стабилна.

Поврзани новости