Нападнати тројца Косовари во Градски парк по натпреварот Вардар – Шкендија

by fokus

Двајца скопјани на возраст од 21 година вчера биле приведени под сомнение дека нападнале три лица од Косово.

Нападот е регистриран во 15.10 часот во Градскиот парк кај езерцето, односно во периодот кога завршуваше натпреварот на Градскиот стадион меѓу двата ривалски фудбалски клуба, Вардар и Шкендија.

„На 08.12.2019 во Полициската станица Кисела Вода приведени се С.Љ.(21) и Д.М.(21), двајцата од Скопје, поради сомнение дека околу 15.10 часот во Градски парк кај езерцето, физички ги нападнале Е.К.(24), Љ.К.(19) и М.Б.(18), сите од Косово. Известен е Јавен обвинител. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, соопштуваат од МВР. Сепак од таму не прецизираат дали станува збор за навивачи на скопскиот и тетовскиот фудбалски клуб.

Големото фудбалско дерби меѓу Вардар и Шкендија вчера заврши нерешено, со што остана разликата од 8 бодови во корист на скопјани..

Поврзани новости