Нападната јавна обвинителка во Битола

by Fokus

СВР-Битола информира дека во текот на вчерашниот ден се случил инцидент во Основното јавно обвинителство во Битола и притоа била нападната jавната обвинителка Ж.К.Б.

– Вчера во СВР – Битола Ж.К.Б., вработена како Јавен обвинител во Основното јавно обвинителство – Битола пријави дека околу 14 часот, додека била на работното место, по претходно недоразбирање со С.К. околу записник за дадено сведоштво, С.К. почнала агресивно да се однесува и во обид да го одземе предметот, го искинала и ја повредила Ж.К.Б.. Веднаш потоа С.К. од страна на полициски службеници од Основен суд е отстранета од просториите на обвинителството, стои во соопштението.

Поврзани новости