Нападнат Саше Политико со метални шипки

by Фокус

Саше Ивановски – Политико вечерва бил нападнат пред зградата каде што живее од двајца маскирани со шипки.

Како што кажува Саше, го удирале по глава, а тој носел ташна и се бранел и бегал, меѓутоа бил на неколку места погоден и главата му е раскрварена.

Среќа успеал да им побегне. Повикана е брза помош и Саше е пренесен во градската болница.

Настанот е пријавен во полиција.

Саше Ивановски е сопственик на порталот Мактел и жесток критичар на власта.

Поврзани новости