Нападнат доктор на Токсикологија

by fokus

Попладнево на Клиниката за токсикологија бил физички нападнат дежурниот лекар, кој со повреди на главата бил пренесен во Ургентниот центар.

Директорот на Клиниката за токсикологија, Нагип Зумбери за Телма изјавил дека причината за нападот била банална. Напаѓачот дошол со своето малолетно дете на Клиниката и кога дежурниот лекар само му кажал дека треба да го однесе детето на Педијатрија каде што исто така има токсиколог, тој почнал да го удира.

Лекарот потоа е однесен во Ургентниот центар каде што се утврдени повреди – расекотини на главата и површен хематом, по што е пуштен дома. Случајот е пријавен во полиција.

Поврзани новости