Нападнал градежни работници бидејќи не можел да чека да се ослободи патот кај што работеле

by Fokus

Двајца градежни работници биле физички нападнати додека работеле, информираат од МВР.

Според полицијата, вчера во 11,10 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје А.П.(61) и Ќ.С.(29) пријавиле дека биле физички нападнати од страна на М.Х.(61) од Скопје. Физичкиот напад бил извршен додека двајцата пријавители извршувале градежни работи на булевар “Крсте Мисирков“каде дошол М.Х. и со возило сакал да помине на местото каде што се извршувале работите и бидејќи не сакал да чека да се ослободи патот, физички ги нападнал.

Извршен бил разговор со пријавениот и бил земен записник по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Поврзани новости