Нанев: На Северна Македонија не и недостасуваат закони!

by Fokus

Судии, обвинители и претставници од Министерството за правда од утре во Брисел ќе бидат дел од скрининг процесот, најави денеска претседателот на Основниот суд Кавадарци, воедно и професор на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, Лазар Нанев.

Прашан како го коментира најновиот извештај на Европската Комисија во кој се наведува дека нашата држава генерално има остварено одреден напредок во Поглавјето 23 во однос на минатата година и останува делумно подготвена за спроведување на законадавството на ЕУ и европските стандарди, Нанев со став дека на нашата земја не и недостасуваат закони, туку инклузивен начин на нивна имплементација.

-Токму ова прашање, коешто ми го поставивте утре, на 1 и на 2 декември во Брисел ќе се разговара за Поглавјето 23, бидејќи нашата делегација, судии, обвинители и од Министерството за правда ќе бидат дел од скрининг процесот. Најсериозниот проблем е во делот на имплементацијата на законските решенија. На Северна Македонија не и недостигаат закони, ни недостига еден инклузивен начин на имплементација на законите, но и недостига и квалитетен кадар, којшто треба да ги имплементира сите овие Закони. Меѓутоа кога се гледа генерално сликата за правосудството клучен проблем се и ресурсите, односно начинот на кој се менаџира генерално правосудниот систем, вели Нанев.

Поврзани новости