Наместо условна, дедото на починатата Тамара доби една година ефективна казна затвор

by fokus

Дедото на малата Тамара од Велес, Љупчо Стојановски заработи ефективна казна затвор од 1 година. Иако првин беше осуден на условна казна затвор за поседување оружје по неговото признание на вина, сепак одлуката следи по жалбата на Обвинителството, пренесува Телевизија 24.

На 11 јули годинава се закажани завршни зборови за второто кривично дело кое му се става на товар на Стојановски, „обид за убиство“.

Љупчо Стојановски на 1 јуни лани пукаше во Никола Тодоров, екс-министерот за здравство.

Поврзани новости