ДКСК кон крајот на 2022 година ќе влезе во 21 век

by fokus

Државната комисија за спречување на корупцијата очекува кон крајот на годинава да се финализира софтверското решение, и наместо како досега да оди „пеш“ од институција до институција сите податоци да ѝ бидат достапни електронски.

-За креирање и развивање на софтверското решение – Регистар на избрани и именувани лица, електронско доставување на изјава за имотна состојба и интереси, нивно објавување, систем за прибирање на податоци од други институции, нивна обработка, модул за менаџирање со документи и одржување на целокупниот систем, Државна комисија за спречување на корупцијата обезбеди поддршка од ЕУ преку ИПА 2 Транспарентност и одговорност на јавната администрација.

Развој и креирање на ова софтверско решение започна во ноември 2021, по што ќе следи тестирање и имплементирање на истото, а целосна финализација се очекува во ноември 2022, велат од ДКСК за „Фокус“.

Комисијата речиси четири години остана изолирана од друдите институции и членовите немаат пристап до базите на ниту еден државен орган од каде можат да црпат податоци за имотната состојба на функционерите.

Со новото решение се очекува проверките да одат многу побрзо, а не како досега со писма и чекање на рокот којшто го имаат институциите да им одговорат.

Ф.Ф.С.

Поврзани новости