Наместо пред Уставен суд, демонстрантите пред МНТ

by Фокус

Демонстрантите, кои беа блокирани пред Музејот на ВМРО и со полициски кордон не им беше дозволен пристап до Уставниот суд, одлучија ноќта да ја поминат пред Македонскиот народен театар, каде симболично ќе одржат бдеење за одбрана на Уставот.

Тие бараат да се спречи укинувањето делови од Законот за помилување, со што на Претседателот ќе му се овозможи да помилува лица за изборни нерегуларности.

Од попладнето група граѓани предводени од партијата ГРОМ поставија кампови во блиизина на Уставниот суд во знак на поддршка на судот и институците.

Поврзани новости