Наместо патни трошоци, пратениците да добијат службени станови!?

by fokus

Претседателот на Собранието Тала Џафери, на денешниот брифинг за новинарите, истакна дека една од опциите за намалување на средствата кои се издвојуваат за патни трошоци е пратениците кои се надвор од Скопје да добијат службени станови.

-Во однос на патните трошоци, од инсистутот го добив извештајот, ќе ги видам пресметките. Една од варијантите е пратениците кои се надвор од Скопје, односно патуваат повеќе од 50 километри да добијат службени станови или пак да им се плаќаат кирии, рече Џафери.

 

Специјалното јавно обвинителство ноедамна отвори истрага поради сомнеж за злоупотреба на патните трошоци од страна на пратеничката Силвана Бонева.

Поврзани новости