Намерно подметнал пожар и избегал, изгореле сите алати и машини во столарска работилница

by Fokus

Во текот на вчерашниот ден бил подметнат пожар во столарска работилница, информираа од МВР.

Според информациите во полицискиот билтен, вчера околу 08.00 часот во с.Шишево, скопско, во столарска работилница сопственост на С.К. (71) од Скопје, непознат сторител подметнал пожар. Сторителот најпрвин истурил непозната запалива течност во магацинскиот дел од работилницата во кој имало складирано поголема количина суви дрвени талпи. Потоа предизвикал пожар и побегнал во непознат правец. Пожарот ги зафатил дрвената ограда на задната страна од магацинот, дрвената покривна конструкција од работилницата, машини и алати, целата дрвна маса и готови производи од дрво.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости