Намален кредитниот рејтинг на Македонија

by fokus

Кредитната агенција „Fitch“ одлучи да го намали кредитниот рејтинг на Македонија со негативен изглед. Од ББ+ кредитниот рејтинг сега изнесува ББ.

Како причина за намалување на рејтингот, агенцијата во својот извештај ја наведува политичката криза во земјата.

-Политичката криза во Македонија, која започна по појавата на големи обвинувања за корупција во февруари 2015 година, останува нерешена, истакнувајќи ги недостатоците во стандардите на владеење, се вели во извештајот на „Fitch“.

Поврзани новости