Наќевски: Обвинетиот Азири разговарал со Невзат Бејта од ДУИ

by fokus

Горан Наќевски, татко на Александар кој заедно со уште четворица пред шест години беше убиен кај Смилковското езеро, на денешното рочиште за случајот Монструм се обрати пред судот.

И тој, како и претходно неговата сопруга побара од судот јавно да се објави чии се петте телефонски броеви кои се заведени како државна тајна, а комуницирале со сега обвинетите во случајот Монструм.

-На една од средбите, сегашниот премиер Зоран Заев ни кажа дека тие броеви се на пет функционери од ДУИ, а ни покажа и транскрипт од разговор воден помеѓу потпретседателот на ДУИ, Невзат Бејта со обвинетиот Фејзи Азири. Не ни ги даде транскриптите бидејќи ни рече дека ќе сторел кривично дело, но затоа бараме од судот да изврши претрес во СДСМ и да ги одземе овие документи. Бараме и Заев, ако треба и стражарно да се донесе во судница, па тука да се соочи со сите родители за да видите дека ја зборуваме вистината. Исто така, Заев ни рече дека Опел Омегата, или возилото со кое се превезувале извршителите е на МВР. Заев не ни исполни многу ветувања, ни ветуваше дека ќе се дознае вистината, но тоа не се случи. Тој со доказите што ги поседува манипулира и уценува, истакна Наќевски пред судот.

В.В.

Поврзани новости