Највисока излезност во Новаци, Кратово, Демир Капија и Свети Николе

by Фокус 10:55
10:55

Во општините Новаци, Кратово, Демир Капија, Свети Николе, Прилеп, Пехчево,  е регистрирана највисока излезност до 10 часот.

Според Државната изборна комисија, во Новаци на гласање излегле 24,33 отсто, при што мора да се има во предвид дека во оваа општина има вкупно 3.043 избирачи.

Во Кратово излезноста е 19,33, односно гласале 1.628 од 8.423 граѓани запишани во избирачкиот список.

- Advertising -

Во Демир Капија, пак, одзивот изнесува 17,08, додека во Свети Никола 16,16 отсто.

Висок одзив, во споредба со другите општини, се забележува и во Прилеп со 15,87 отсто, како и во Пехчево со 15,11 отсто.

Дополнително, во Велес излезноста е 14,59, во Кисела вода 14,09, а во Градско 14,06 отсто.

Поврзани новости