Најверојатно трета доза ќе биде потребна за сите граѓани, најави Филипче

by Fokus

Во вестите на Сител, министерот за здравство Венко Филипче кажа дека најверојатно трета доза вакцина ќе биде потребна за сите граѓани .

– Очекуваме да излезат клиничките студии кои што ги прави компанијата Фајзер. Според укажувањата и најавите таа трета доза многу веројатно ќе биде потребна за сите граѓани, но се уште е рано, чекаме да излезат официјалните студии и потоа да излеземе со соодветна препорака.  Имаме голема разлика кај различни возрасни категории. Вкупниот број на вакцинација е 37 проценти на целокупното население, најмалку со една доза 45-6 проценти од граѓаните и околу 55-6 проценти кај граѓаните над 40 години. Како расте возрасната група на граѓани така се зголемува опфатот со вакцинација на пример близу 70 проценти од граѓаните над 70 години се вакцинирани.

Поврзани новости