Најцрна недела во пандемијата – починале 260 болни, од кои 18 биле на возраст од 20 до 49 години

by fokus

За една недела односно за периодот од 29 март до 4 април во земјава се регистрирани вкупно 7.933 заразени со Ковид-19 од 35 градови, а починале 260 болни, покажува неделната анализа на Инстиутот за јавно здравје.

Во овие седум дена регистрирани се најмногу заразени и најмногу починати, односно се заразиле 6,9 отсто повеќе луѓе во однос на претходната недела, а починале за 27,5 отсто повеќе пациенти во однос на минатата недела. Од починатите, 215 лицa биле над 60 години, 27 лица на возраст од 50-59 години, 13 лица од возрасната група од 40-49 години, 4 лица од 30-39 години и едно лице од 20-29 години.
За една недела во Македонија.

Најмногу заболени од Ковид-19 има кај лицата на возраст од над 60 години, но голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50 до 59 години, 30-39, 40-49 и 20-29 години. Најмал број е регистриран кај децата до девет години, но најголемо процентуално зголемување во однос на претходната недела е забележано кај децата односно тинејџерите од 10 до 19 години за 17,6 проценти.

Во последните два дена, кои не се дел од оваа статистика починаа 82 заразени со корона.

Поврзани новости