Најтежок ден за Франција над 1.400 луѓе во еден ден ги загубија животите

by Fokus

Во Франција е регистриран најголем број смртни случаи од Ковид-19 од почетокот на кризата – 1.427 лица ги загубија животите за еден ден.

Како што објавија француските медиуми синоќа, 607 луѓе починале во болници и 820 во домови за нега на стари лица.

Во Франција, значително е зголемен бројот на заразени, или повеќе од 11.000 за еден ден. Вкупниот број на заразени лица од почетокот на пандемијата надмина 100.000.

Досега се излекуваа 19.337 пациенти.

Поврзани новости