Најстариот човек во светот почина на 112 години

by Fokus

Шпанецот, кој беше најстариот човек на светот според Гинисовата книга на рекорди, почина синоќа на 112-годишна возраст, објавија шпанските медиуми.

Сатурнино де ла Фуенте починал дома во Леон, град во северозападна Шпанија, објави државната новинска агенција ЕФЕ.

Гинисовата книга на рекорди го прогласи Де ла Фуенте за најстариот човек на светот минатиот септември.

Роден е во селото Пуенте Кастро во Леон на 11 февруари 1909 година. По професија бил чевлар, а на 13 години почнал да работи во фабрика.

Тој ја преживеал епидемијата на шпански грип што избувна во 1918 година и имал осум деца со сопругата Антонина, а потоа 14 внуци и 22 правнуци, наведува ЕФЕ.

Тој ќе биде погребан на локалните гробишта во среда, соопшти агенцијата.

Поврзани новости