Најскапите градови во светот – излезе годишната листа на EУ

by Fokus

Њујорк и Сингапур се рангирани како најскапи градови во светот, според годишното истражување на глобалните трошоци за живот на Економист интелиџенс унит (EIU).

Њујорк за прв пат е на врвот на рангирањето, додека Сингапур е на првото место по осми пат во последните 10 години.

Израелскиот Тел Авив, кој во 2021 година беше прогласен за најскап град во светот, годинава е на третото место.

Освен Њујорк, на листата на десет најскапи градови се искачија и Лос Анџелес и Сан Франциско. Сите 22 американски градови опфатени со истражувањето се зголемија на рангирањето поради брзиот раст на цените и силниот долар. Шест од нив – Атланта, Шарлот, Индијанаполис, Сан Диего, Портланд и Бостон – беа меѓу 10-те градови кои покажаа најголеми скокови на скалата.

Најмногу напреднаа руските градови Москва и Санкт Петербург, кои скокнаа за 88, односно 70 места.

Повеќето европски градови паднаа на листата.

Сирискиот главен град Дамаск и либискиот Триполи остануваат најевтините градови.

Истражувањето оваа година беше спроведено од 16 август до 16 септември во 172 поголеми градови во светот.

„Војната во Украина, западните санкции против Русија и политиката на Кина за нулта ковид предизвикаа проблеми со синџирот на снабдување кои, во комбинација со зголемените каматни стапки и флуктуациите на девизниот курс, резултираа со криза на трошоците за живот низ целиот свет“, оцени Упасана. Дут, шеф на ЕИУ организација која се занимава со трошоците за живот.

Поврзани новости