Најнови детали околу најавеното дестабилизирање на атмсоферата

by Fokus

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од северозападен правец. Максималната дневна температура ќе се искачува во интервалот од 26 до 33 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 30 степени.

Потоа во петок попладне и навечер, како и за време на викендот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град.

Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости