Најмногу новозаразени во Скопје има во Чаир и Бутел

by Фокус

Од денешните нови 35 случаи на Ковид 19 на ниво на држава, најмногу се во Скопје.

Според информациите од Институтот за јавно здравје, од главниот град се регистрирани 22 случаи, при што 5 се од Чаир, 3 од Бутел, по 2 од Сарај, Аеродром, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Илинден и по еден од Гази Баба, Студеничани, Сопиште и Кисела Вода.

Покрај тоа, денеска беа регистрирани и 6 нови случаи во Тетово, 4 во Куманово и по еден во Струга и Гостивар.

Поврзани новости