374
Најмалку едно лице загина денеска во експлозија на бомба во полициски комплекс во јужниот дел на Тајланд, изјави заменик полициски комесар во провинцијата Наративат, потполковникот Нити Суксан.
Во експлозијата повредени се 29 лица, а се стравува дека бројот на жртвите може да биде поголем.
– Тоа беше автомобил-бомба. Сè уште ја чистиме областа и бројот на повредени може да се зголеми, истакна потполковник Суксан.
Засега никој не презеде одговорноста за нападот.