Најмалку четири лица убиени во пукање во Чикаго

by fokus

Најмалку четири лица загинаа, а четворица други се повредени утринава во пукање во населбата Енглевуд, во Чикаго, соопшти полицијата, повикувајќи се на прелиминарните податоци од увидот.

-Полициските службеници околу 5.40 часот добиле пријава за повеќе застрелани лица, изјави портпаролот на полицијата.

Најмалку четири лица загинаа, а четворица се хоспитализирани. Двајца од нив се во критична состојба, а за преостанатите двајца не се знае во каква состојба се, наведува полицијата.

Еден човек, на непозната возраст, бил застрелан во задниот дел од главата и хоспитализиран во болница. Уште еден маж, на возраст од 25 годинби, исто така, бил застрелан во задниот дел од главата и сместен во истата болница. Една жена е во критична состојба и е хоспитализирана во Медицинскиот центар на Универзитетот во Чикаго.

Со прострелна рана во грбот во болницата Сент Бернард дошол и 23-годишен маж, од каде во критична состојба бил префрлен во медицинскиот центар на Универзитетот во Чикаго.

Полицијата соопшти дека во еден дом каде биле собрани неколку лица, до пукање дошло кога ескалирала расправија меѓу нив

Поврзани новости