Најмалку 60 загинати откако пропадна пешачки мост во Индија

by Fokus

Најмалку 60 луѓе загинаа откако пешачки мост пропадна во западната индиска провинција Гуџарат. Стотици луѓе паднаа во реката Мачу во градот Морбин.

Според видеата на социјалните мрежи, преживеани висат на делумно пропаднатиот дел од мостот. Според првичните извештаи, околу 400 луѓе биле на мостот кога пропаднал. Инцидентот се случи само пет дена откако мостот беше пуштен во употреба по реновирање. Мостот долг 230 метри е изграден во 19. век за време на британската колонијална власт.

Локалните власти велат дека на мостот имало премногу луѓе поради фестивалот Дивали. Индискиот премиер Нарендра Моди, кој се наоѓа во родната провинција Гуџарат, кажа дека е длабоко потресен од трагедијата и најави компензација за повредените, како и за семејствата на загинатите.

Поврзани новости