Најмалку 290 луѓе загинаа во вчерашните напади во Шри Ланка

by fokus

Најмалку 290 луѓе загинаа, а 500 се повредени во вчерашната серија напади врз цркви и хотели на Шри Ланка, соопштија утртово властите.

Тие исто така наведоа дека се приведени 24 лица осомничени за поврзаност со нападите.

Се уште никој не презеде одговорност за нападите штп се случија на Велигден на грегоријанскиот календар.

Осум експлозии одекнаа во цркви и хотели во Коломбо и во околината.

Околу 1,2 милиони католици живеат на Шри Ланка, која има 21 милион жители. Христијаните се седум проценти, околу 70 се будисти, 12 – хидуисти и 10 отсто се муслимани.

Поврзани новости