Најмалку 11 загинати и 3.500 повредени за време на иранскиот традиционален огнен фестивал

by Fokus

Единаесет лица загинаа, а повеќе од 3.500 се повредени за време на свеченостите по повод иранскиот традиционален огнен фестивал пред персиската Нова година, објавија државните медиуми.

Огнениот фестивал се слави секоја година во ноќта на последниот вторник од иранската календарска година, кој завршува на 20 март.

„Од 20 февруари, 26 лица загинаа во инциденти поврзани со огнениот фестивал, вклучително и најмалку 11 на денот на настанот, заедно со повеќе од 3.550 повредени“, изјави менаџерот за итни случаи Џафар Миадфар.

За време на фестивалот, учесниците скокаат преку оган за да се прочистат и да ги оттргнат злите духови, додека пеат „Јас ти ја давам мојата жолта боја“ и „Ја земам твојата црвена боја“.

Поврзани новости