Најмала излезност во албанските средини

by Фокус 13:48
13:48

Во средините со целосно или доминантно албанско население, кои претежно се наоѓаат во Западниот дел на Македонија, според бројките што ги објави Државната изборна комисија, е најмала излезноста на денешното гласање на првиот круг од претседателските избори до 13 часот.

Најмал е одзивот во општина Липково, каде на гласање излегле 3,76 отсто. Исто така, ниска е излезноста и во другите безмалку чисто албанските општини, како Боговиње, Арачиново, Сарај, Врапчиште, Желино, Боговиње, Студеничани… Во овие општини излезноста во просек се движи околу 5 проценти.

- Advertising -

Во општините со доминантно албанско население, но со мултиетнички карактер поради тоа што во нив живеат и припадници на останатите етнички заедници, одзивот е поголем од претходно споменатите општини. Така, одзивот во Гостивар бил 10,51, во Тетово 11,61 отсто, во Струга 11,2 отсто… Вкупната излезност на ниво на Македонија, пак, изнесува 25 отсто.

На овие избори единствениот албански кандидат за претседател го даде ДПА, додека ДУИ ги повика Албанците да бојкотираат.

Поврзани новости