Најголемиот дилер на дрога во Колумбија екстрадиран во САД

by Fokus

Најголемиот дилер на дрога во Колумбија, Даиро Антонио Усуга „Отониел“ е екстрадиран во САД, соопшти во раните утрински часови колумбискиот претседател Иван Дуке Маркез.

Претседателот ја сподели веста за „најопасниот дилер, убиец, злоставувач на момчиња, девојчиња и на адолесценти“ на својот Твитер профил.

Најбараниот колумбиски дилер на дрога беше уапсен на 23 октомври мината година. Педесетгодишниот Отониел, главен на „Голф кланот“ (Clan del Golfo), беше уапсен по десетгодишна потрага.

Поврзани новости