Најголемата љубов на Лени Кравиц: Му роди ќерка, се разделија, но сепак не можат еден без друг!

by fokus

Светската музичка ѕвезда Лени Кравиц (54) вечерва ќе одржи концерт во ВИП Арена Борис Трајковски во Скопје. Неговото доаѓање во земјава е настан кој со задоволство го дочекаа многубројните фанови од сите генерации.

По концертот во Скопје, тој заминува во соседна Бугарија и веќе на наредниот ден ќе одржи концерт во Арена Армеец во Софија.

Лени со децении наназад е еден од култните ликови на музичката сцена. Роден е во Њујорк, а неговата мајка Хелен Вилис била актерка, додека пак татко му, Су Кравиц бил продуцент на вести во НБЦ. Уште од најрана возраст покажувал интерес за музиката и веќе на пет години свирел на тапани. На седум годишна возраст родителите го однеле на концерт на Џексон 5, по што тој воодушевен од нивниот настап уште тогаш си зацртал дека еден ден ќе стане популарен музичар.

Во 1989 година веќе го снимил својот прв албум ,,Let Love Rule”, но најголемата популарност ја стекна во 1990 година, кога заедно со Ингрид Чавез ја напишаа и продуцираа песната на Мадона „Justify My Love “. Песната што се појави на нејзиниот албум со најголеми хитови The Immaculate Colltionec, предизвика дискусии поради експлицитниот спот, се најде на првото место на топ листите.

Во 2000 година Кравиц го издаде албумот Greatest Hits кој се покажа дека е негов најуспешен албум, достигнувајќи го 2-то место на Билборд 200, и продавајќи се во околу 11 милиони копии насекаде низ светот, по што стана еден од најуспешните албуми на декадата. Зад себе има голем број на хитови, музички награди и милионски тиражи на албумите.

Околу приватниот живот на Лени, кој важи за миленик на женската популација, не се знае многу. Од бракот со актерката Лиза Бонет, кој траеше само пет години и заврши во 1993 година ја имаат ќерката Зое Изабела Кравиц. Во 1995 година, на концертот на Њу Едишн, тој ја запознал Лиза Бонет која во тој период работела на шоуто Козби, едно од најгледаните тогашни телевизиски шоуа. Тие биле блиски пријатели околу две години пред да се вљубат еден во друг.

Кравиц поради Лиза се преселил во Њујорк, каде што се продуцирало шоуто Козби во1987 година. На 16-ти ноември 1987 година, на нејзиниот 20- ти роденден, тој и Лиза тајно направиле Ласвегашка венчална церемонија. Поради тоа, Кравиц, сѐ уште познат како Плавиот Ромео, се нашол на насловните на таблоидните весници. Ќерката Зое Изабела Кравиц се родила на 1-ви декември 1988 година.

По разводот со Лиза, во светските медиуми често пати се објавуваа приказни дека е во врска со познати жени. Мадона, Никол Кидман, Адриана Лима и многу други убавици беа поврзувани со неговото име, но тој никогаш не потврди дека бил во врска со било која од нив и неретко се пишуваше дека Лиза останала љубовта на неговиот живот и покрај тоа што не се заедно. Тие и денес се појавуваат заедно на јавни настани и изјавуваат дека се најдобри пријатели кои не можат еден без друг.

Влезниците за концертот на Лени во Скопје се продаваа по цени од 1.000 денари за стоење, 1.200 денари за трибините, 1.500 денари за фан питот и ВИП за 2.000 денари.

Вики Клинчарова

Поврзани новости