Најголема смртност има кај ромските бебиња

by fokus 13:08
13:08

Најголема смртност на доенчиња има кај Ромите, покажуваат анализите на Заводот за заштита на мајки и деца, а пренесе НОВА ТВ. Фрапантни се последните достапни податоци од кои се гледа дека во 2014 година смртноста кај новороденчињата кај оваа популација изнесувала  14 ,2 промили, а дури 17,4 промили на 1000 родени, во 2013 та година.

Податоците говорат дека смртноста кај доенчињата кај ромската популација е највисока во однос на останатите во сите периоди почнувајќи од раѓање, се до 11 месец од животот.

- Advertisements -

Како причини стручњаците ги наведуваат социјалниот статус, необразованоста, тинејџерската бременост, неинформираноста, но една од главните причини е и недостапноста до матичен гинеколог. Бројот на матични гинеколози е преполовен на 135,  а  една од најголемите  скопски населби Шуто Оризари,  десетина години е оставена без матичен гинеколог.

Поврзани новости