Најдена неексплодирана бомба пред затворот во Тетово

by Fokus

Вработен во Тетовскиот затвор претпладнево околу 10 часот и 30 минути пријавил дека нашол неексплодирана експлозивна направа пред објектот. Тој увидел дека има бомба кога се паркирал пред затворот.

-Вработен во Казнено-поправната установа „Тетово пријавил дека на улица „Браќа Миладиновци“ во непосредна близина на установата, каде го паркирал патничко возило „Голф“, покрај предното лево тркало забележал експолозивна направа, најверојатно рачна бомба кашикара, информираа од СВР Тетово.

Во тек е увид што го вршат службеници од стручните служби на СВР Тетово, а повикани се претставници на Дирекцијата за заштита и спасување и Единица за антитероризам при МВР. Ќе се врши подигнување и транспортирање на експлозивната направа.

Поврзани новости