Најдена муниција од Кина и Албанија кај маж во Сингелиќ

by fokus

Против 38-годишен маж од Сингелиќ е поднесен обвинителен акт за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи. Како што соопштија од Обвинителството на 23 август, кај обвинетиот 38-годишен скопјанец, во неговиот дом во Сингелиќ, се најдени 73 куршуми, од кои 67 парчиња од кинеско и 6 од албанско производство.

„Куршумите со калибар 7,62Х39 биле наменети за испалување од различни видови репетирачки, полуавтоматски и автоматски огнени оружја. Надлежниот јавен обвинител достави и Предлог за продолжување на определената мерка куќен притвор за обвинетото лице, бидејќи ценеше дека и натаму постојат законските основи заради кои оваа мерка првично беше определена“, соопштија од Обвинтелство.

Поврзани новости