Најден хероин кај тетовчанка, го скрила во преградата за отпад во автобус

by fokus

Притвор од 30 дена и е одреден на 33-годишна тетовчанка осомничена за неовластено производство и пуштање во промет наркотична дрога – хероин. Против неа е поднесена и кривична пријава од Царинската управа на Република Македонија откако е фатена во обид да го внесе хероинот во земјава.

„Осомничената 33-годишна жителка на Тетово се товари дека на 30.04.2018 година, на граничниот премин Табановце, при влез во Република Македонија, се обидела да внесе наркотична дрога хероин. Имено, осомничената како патник во автобус од еден превозник, во преграда која се наоѓала на потпирачот за раце и која била наменета за отпад, се обидела да сокрие две најлонски пакувања замотани во хартија со наркотична дрога хероин со вкупна маса од 13,44 грама. При извршен претрес во автобусот дрогата е откриена и одземена од страна на овластени царински службеници“, велат од Обвинителство.

Поврзани новости