Најчевска: Законот за јазиците е глуп, како ќе се примени без попис

by Fokus

Професорката Мирјана Најчевска на својот фејсбук профил прашува како ќе се примени Законот за јазиците без попис?

– Јас повторно ќе прашам: како ќе се примени Законот за јазиците без попис? На жими мајка? Како да знам дека етничките Албанци во Македонија се 20% од населението кога не знам колку население има во Македонија? Или не смеам да барам попис затоа што е тоа израз на албанофобија? И не смеам да барам примена на одредбите на законот на правен начин затоа што е тоа албанофобија? И не смеам да кажам дека ова што го усвоија пратениците нема врска со законски текст затоа што е тоа алванофобно? Мене ме етикетирате како албанофоб? Навистина?
За правото се работи и тврдам дека само ригидна примена на правото може да ги заштити правата на луѓето а не политички памфлети кои имаат наслов закон.
Престанете да браните неправо во име на правата. ЗАКОНОТ Е ГЛУП! – пишува Најчевска на својот фејсбук профил.

Поврзани новости