Најчевска: Концепцијата е токму она што ни е потребно во моментот

by fokus

Професорката Мирјана Најчевска од Институтот за политички, правни и социолошки истражувања во денешната собраниска расправа за новата Концепција за основно образование рече дека денес се дебатира за промена којашто требаше да се случи уште пред 30 години кога се осамостоивме како држава.

-Гледам добра основа во понудената концепција, не велам дека е совршена, но оваа и ваква концепција е токму она што ни е потребно во моментот.  Новата концепција ја содржи Конвенцијата за правата на детето. Токму затоа во оваа концепција го гледам најдобриот интерес на децата,  и тоа е секогаш солидна основа за развивање на промената. Токму во оваа Концепција гледам создавање на слободни и одговорни граѓани, рече Најчевска, додавајќи дека концепцијата е сложена и само паметни луѓе можат да ја разберат.

 

 

Поврзани новости