Најчевска: Груевски ја манипулира јавноста со тужбата против Заев

by Фокус

Отворена лага и манипулација, вака професорката Мирјана Најчевска го окарактеризира одговорот на премиерот Никола Груевски за скандалот „Македонска банка“ во вчерашното интервју за МИА.

Таа реагира на премиерот кога тој во разоворот вели дека: „Иако клеветата од Заев е за непостоечки акт постар од 10 години, јас за секој случај одлучив да поднесам тужба за клевета за да со сигурност се расчисти оваа валкана манипулација и да добие судска разврска.

„Ова е отворена лага и манипулација на јавноста. Имено, во процедурата за клевета нема да се утврдува вината на Груевски за евентуално земено мито при продажбата на „Македонска банка“, туку ќе се утврдува вината на Заев за тоа дали го направил или не делото клевета“, пишува Најчевска на својот блог.

Целата анализа на интервјуто прочитајте ја на следниов линк.

Поврзани новости