Најчевска до Маневски: Потребен е закон кој ќе ги осуди функционерите како вас

by fokus 21:09
21:09

Професорката Мирјана Најчевска во вечерашното гостување на ТВ 24 му порача на поранешниот министер за правда, Михајло Маневски дека потребен е нов закон за обвинителство кој ќе овозможи гонење и судење на високите функционери кои направиле криминал, меѓу кои и тој.

-Вие имате многу јак мотив да се спротивставите на донесување на закон кој ќе овозможи изведување пред лицето на правдата на високите фунционери од ВМРО-ДПМНЕ како вас. Вие го закопавте правото додека бевте министер за правда, вие се јавувавте и местевте кои судии кого да судат…
Не би се согласила дека Законот води кон неказнивост. Овој закон вака поставен води кон неказнивост кон високи фунскионери во власта. Се обезбедува казнивост на обичните граѓани, но во исто време се обезбедува заштита на високите функсионери кои направиле повреди на законот. Многу важен дел од правото е процедурата. Законите во голем дел зависат од начинот на кој се донесуваат. Демократската процедура вклучува вклучување на различни страни, различни мислења, експерти…. Кога процедурата ќе се сведе на пазар на политичките партии, си седнале Заев, Ахмети и Мицкоски и си се договараат кој може да  не биде казнет, тоа не е правна и демократска процедура, смета Најчевска.

- Advertising -

 

Поврзани новости