Најава за обилни врнежи од дожд

by fokus

Денеска времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа ќе биде нестабилно со поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер.

Дневната температура ќе биде во интервал од 13 до 20 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе достигне до 18 степени.

Метео аларм за денес и во текот на ноќта: обилни врнежи од дожд, велат од УХМР.

Поврзани новости