Наградата „8 Септември“ постхумно за првиот учител на Тоше Проески, Христо Христоски – Мулар

by fokus

Општина Крушево постхумно ја додели наградата „8 Септември“ на Христо Христоски Мулар, почитуван музиколог и првиот музички учител на поп иконата Тоше Проески.

Хрисоски почина ненадејно минатиот септември, а оваа награда ја прими семејството и се доделува за афирмација на Крушево и посебен придонес во областа на уметноста и културата со организацијата на манифестацијата „Гитар Фест“.

Во својата богата кариера, Мулар има издадено неколку антологии на влашки песни и збирки на македонски фолклорни бисери, а во Крушево во последните неколку години организираше и неколку работилници за млади, посветени на Тоше.

Соработуваше и со Влатко Стефановски со кого пред три години ја држеше Крушевската гитарска работилница за млади теленти.

Поврзани новости