Наесен можни се рестрикции за невакцинираните

by fokus

Здравствените власти размислуваат наесен да воведат рестриктивни мерки за невакцинираните граѓани, односно за тие што не сакаат да се вакцинираат против корона вирус и со тоа го загрозуваат здравјето на останатите, вакцинираните, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче.

-Размислуваме дали е потребно нешто да се направи во есенските месеци, почнувајќи до септември. Ги пратиме искуствата во другите земји. Секаде во светот има дебата што и како треба да се прави. Размислувањата одат во правец на тоа дали треба рестрикција во однос на граѓаните што не се вакцинирани, некои земји воведуваат брзи тестови за влез во маркети, места за културни настани итн. Размислуваме, сè уште не сме донеле одлука, меѓутоа, ако процениме дека ризикот од невакцинираните кон популацијата, вклучувајќи ги и вакцинираните е доволно голем, ќе воведеме рестриктивни мерки, рече Филипче.

Засега не се планираат рестрикции ниту на границите, ниту во државата или во рамки на организирање на настани со масовно присуство.

Поврзани новости