Надграден македонизам

by Fokus
Во државата Македонија, македонизмот го има во трите форми, секако и во новата национал македонистичка форма, која е сама по себе авангардна, која е иднината на македонизмот за која јас лично се залагам. Приближно 1.500.000 граѓани се чувствуваме за Македонци, од кои најголем дел се славомакедонисти, втори по бројност се хеленомакедонисти (почитувачи на митот за Александар Македонски), а трети сме националмакедонците, во кои се вбројувам и јас, тоа сме припадници на современата македонска нација, во која сите граѓани на Македонија сме Македонци, без разлика на нашата етничка или верска припадност. Најмал дел се болгаромакедонисти (околу 10.000 граѓани).

Пишува Петар БОГОЈЕСКИ, политички и граѓански активист

Во минатите години доволно испишавме за тоа „како било“. Оваа година да ја започнеме со тоа „како да биде“. Затоа одлучив контроверзноста на терминот „македонизам“ да ја игнорираме во ова писание. Ќе го прифатиме здраво за готово, а ќе констатираме каде се постои низ светот. Го има во три форми: славомакедонизам, хеленомакедонизам и болгаромакедонизам. Сите ние сме од исто племе, иста крв, иста семка… но меѓусебно завојувани. Така сакале другите, така не насочиле, а ние како волови, упорно се самоуништуваме. Пред себе, но пред се пред македонската јавност поставувам огромна задача, скоро недостижна. Како да ги обединиме сите видови македонизам во едно? Тоа успеа само една современа нација, а тоа се Грците. Нивните ахајски еленизам, класичен хеленизам, ромеизам и славјано грцизам, ги обединија во нивната сказна за „континуитетот“, ги обединија во една современа политичка елинска нација, која ние ја нарекуваме грчка, по словенскиот говор. Дали ние имаме капацитет за истото?!?

Во државата Македонија, македонизмот го има во трите форми, секако и во новата национал македонистичка форма, која е сама по себе авангардна, која е иднината на македонизмот за која јас лично се залагам. Приближно 1.500.000 граѓани се чувствуваме за Македонци, од кои најголем дел се славомакедонисти, втори по бројност се хеленомакедонисти (почитувачи на митот за Александар Македонски), а трети сме националмакедонците, во кои се вбројувам и јас, тоа сме припадници на современата македонска нација, во која сите граѓани на Македонија сме Македонци, без разлика на нашата етничка или верска припадност. Најмал дел се болгаромакедонисти (околу 10.000 граѓани).

Најбројна македонска заедница денес живее во Република Бугарија, околу 2.500.000 граѓани кои припаѓаат на болгаромакедонистите, мал дел се славо или хеленомакедонисти. Втора по бројност е македонската заедница во Република Грција од околу 1.500.000 граѓани, кои главно припаѓаат на хеленомакедонизмот, а мал дел се славомакедонисти. Болгаромакедонисти скоро и да не останаа, во договор со Бугарија беа масовно преселени надвор од Грција. Повеќе од 1.000.000 граѓани на Австралија се припадници на македонизмот, од кои мнозинството припаѓаат на хеленомакедонистите, а другиот дел се славомакедонисти. На тлото на американскиот континент, исто има околу 1.000.000 македонисти, но тука веќе славо и болгаромакедонистите се во значителен број. Секако помалку од хеленомакедонистите. Во рамки на Европа и Русија, има исто така значителни бројки од околу 500.000 граѓани, пред се славомакедонисти.

Проблем на македонизмот е тоа што сите негови групи се во тешка “војна”

Во апсолутни бројки, апроксимативно во светот живееме околу 8.000.000 македонисти. Половината се хеленомакедонистите, чија бројка особено порасна и на територијата на Република Македонија, во последните 15 години. Втори по бројност се болгаромакедонистите, трети славомакедонистите, а последни сме националмакедонистите. Најголемиот проблем на македонизмот е што сите овие негови групи, се во тешка меѓусебна „војна“. Таа е најжестока на територијата на Република Македонија, каде секој со секого војува. Актуелна беше битката помеѓу славо и хеленомакедонистите, но после Преспанскиот договор, како да стивна. Хеленомакедонистите оставија простор да го прошират своето влијание, на сметка на славомакедонизмот. Тој процес е актуелен во моментов, а особено е засилен после „нападот“ на Бугарија врз Македонија и нивното популарно „вето“. Се отвори жесток фронт помеѓу болгаромакедонистите од една страна и славо и хеленомакедонистите од друга страна. Исто како во минатото, се создава сојуз помеѓу славо и хеленомакедонизмот наспроти болгаромакедонизмот. Ние националмакедонистите се обидуваме да ставиме капа и да ги смириме тензиите, со цел да ги обединиме сите форми на македонизам. Бугарија е исплашена од осознавање на болгаромакедонистите дека не се етнички Бугари и дека не постои етничка бугарска заедница, туку само современа политичка бугарска нација. Од тука, самото постоење на македонската држава и македонизмот е закана за постоењето на бугарската држава и бугаризмот, за што и се обидуваат преку смешното „вето“ да спречат осознавање на болгаромакедонистите. Тоа ќе им биде очајна битка, која секако ќе ја изгубат. Во рамки на оваа „војна“ се движат и случувањата на тлото на целиот европски континент, вклучително и насекаде низ Балканот. Во Австралија жестока е борбата помеѓу самите хеленомакедонисти, едните со црвено, другите со плаво знаме, со ист симбол – сонцето на Александар, несвесни дека се иста крв и исто племе. Се заклаа помеѓу себе. Славомакедонистите на тој континент се тивки и се обидуваат да најдат решение помеѓу „завојуваните“. Таму болгаромакедонистите и да не постојат. Но за разлика од Австралија, на тлото на Америка има жестока борба помеѓу славо и болгаромакедонистите, а таму хеленомакедонистите се скоро компактни и си гледаат сеир во битката помеѓу овие другите. Има ли крај оваа братоубиствена војна помеѓу припадниците на македонизмот?

Секако дека има! Решението е во надоградба на поимањето на македонизмот. Сите имаме право да сме Македонци, и хелено и болгаро и славо и националмакедонистите. Но што ќе бидеме сите заедно? Ние сите сме државјани на стотина различни држави. Дејствуваме насекаде низ светот и тоа на различен начин. Решението за состојбата во Република Македонија го имаме, тоа е националмакедонизмот. Сите сме Македонци по државјанство, а етнички сме различни. Така и славо и болгаро и хеленомакедонистите ќе сме националмакедонсти, односно припадници на современата македонска нација. Што со останатите низ светот?

Болгаромакедонистите се перцепираат себе си како дел од современата бугарска нација, дел од хеленомакедонистите се сметаат за дел од современата грчка нација, а дел од современата македонска нација. Дури хеленомакедонистите кои се дел од современата македонска нација, себе си се перцепираат за т.н. „чисти Македонци“, а на славомакедонците и останатите им се обраќаат со „северџани“. Потребна е огромна енергија, знаење, мудрост, писменост, визионерство… за да се надгради македонизмот на ниво во себе да ги обедини сите свои чеда од сите видови кои денес се „млатат“ помеѓу себе. Самата помисла да се обидам да дадам решение на тоа, ме вознемирува, ме прави да се чувствувам неподготвен и заплашен дали ќе ја „погодам“ работата. Тоа е огромен предизвик, преголем залак. Но вреди да се обидеме. Решението е таму далеку, назад низ вековите… во коренот на македонизмот. Доволно ќе биде само да се спознаеме, да се помириме… да го знаеме почетокот… и ќе нема посилни од нас низ светот. Размислете што Ви пишувам! Отворете очите!

 

 

 

 

Поврзани новости