Надал се откажа од турнир: Почуствував проблеми во стомакот

by Fokus

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал (36) се повлече од АТП турнирот во Монтреал, Канада поради проблеми со повреда на абдоминалниот ѕид.

Освојувачот на рекордни 22 Грен слем титули минатиот месец беше принуден да се повлече од полуфиналето на Вимблдон поради истата повреда.

„Веќе некое време тренирам без сервис и сѐ одеше добро. Почнав да тренирам пред четири дена, но вчера почувствував проблеми во стомакот“, изјави Шпанецот. „Многу сум тажен што не отпатував во Монтреал и не играм на турнирот што го освоив пет пати. Сепак, во овој момент морам да бидам мудар и да размислувам за моето здравје“, додаде тој.

Тој ќе се обиде да се подготви за УС Опен, последниот Грен слем сезонава, кој е на програмата во Њујорк од 29 август до 11 септември. Ниту Новак Ѓоковиќ нема да настапи во Монтреал бидејќи не може да влезе во Канада со оглед на тоа што не е вакциниран против коронавирусот.

Поврзани новости