Над пола милион граѓани гласале до 17 часот

by Фокус

До 17 часот правото на глас го искористиле 41,39 отсто од запишаните избирачи, покажуваат последните ажурирани информации на Државната изборна комисија.

Според обработени 72,42 отсто од гласачките места, досега гласале 547.048 граѓани од вкупно 1.824.864 избирачи.

Инаку, гласањето во дел од избирачките места ќе биде продолжено и по 19 часот.

Како што рече претседателот на ДИК, Александар Даштевски, избирачките места каде има ред за гласање ќе останат отворени и по 19 часот за да може и оние граѓани кои ќе се најдат во дворот или во ходникот од гласачкото место да го остварат правото на глас.

Од ДИК најавуваат и дека гласањето ќе биде продолжено и во оние места каде имаше прекини поради проблеми при скенирање на отпечатоците, од кои најдолгиот беше скоро 3 часа.

Поврзани новости