Над 95 илјади граѓани се откажале од државјанството на БиХ

by Fokus

Повеќе од 95.000 граѓани на Босна и Херцеговина се откажале од босанските пасоши и побарале испис од државјанство на БиХ, соопшти Министерството за цивилни работи на БиХ, пренесе Бета.

Во моментов, потврдата за испис од државјанство во БиХ чини 800 конвертибилни марки (410 евра), а претходно таа сума беше двојно поголема.

„Од заминувањето на своите 95.000 граѓани, Босна и Херцеговина заработи 76 милиони марки (околу 39 милиони евра)“, објави сараевскиот „Аваз“.

Поврзани новости